Ова јадење брзо се приготвува, а особен шмек му даваат рузмаринот и сокот од портокал.
Состојки:
- 700 гр пилешки гради
- 2 гранчиња рузмарин
- 1 чешне лук
- 2 пиперки
- 1 страк праз
- 1 зелена тиквичка
- сок од еден портокал
- маслиново масло
- сол, бибер
Подготовка:
Зачинете ги парчињата пилешки гради со сол и бибер по вкус и малку масло.
Одвојте ги лисјата рузмарин од гранчињата и исечкајте ги ситно.
Измијте го и исчистете го зеленчукот. Пиперките и тиквичките исечкајте ги на парчиња, а празот на прстени.
Гответе го месото на добро загреана грил тава. Извадете го на чинија и чувајте го топло.
Загрејте го маслиновото масло во длабока тава и испржете ги лукот и рузмаринот. Прво додајте ги пиперките и оставете да се крчка околу пет минути на среден оган, мешајќи.
Потоа додадете го празот и оставете да крчка уште пет минути. Промешајте ги тиквичките и месото на крајот и така оставете го јадењето да крчка околу три минути.
Додадете сол, исцедениот сок од портокал, па нека крчка додека не испари течноста.