Јагнешкиот бут зачинет на грчки начин носи во чинијата вкусови типични за Медитеранот.
Јагнешкиот бут зачинет во грчки стил се прави со домати, млад компир и маслинки, што е доволно да го засакаме овој рецепт.
Потребни состојки:
- 3 кг јагнешки бут
- 6 чешниња лук
- 1 китка оригано
- кора од лимон и сок од 1 лимон
- 6 лажици маслиново масло
- 1½ кг млад компир
- 400 гр сечкани домати
- 100 гр маслинки без семки
- марула
Подготовка:
Прво загрејте ја рерната на 240°C. Истолчетете го лукот заедно со половина од ориганото, кората од лимон и малку сол, па додадете го сокот од лимон и малку маслиново масло. Со остар нож направете неколку зарези во бутот и во дупките турнете колку што можете повеќе од пастата од тревки што сте ја направиле.
Младите компири ставете ги во голем плех за печење, а потоа додадете го преостанатото маслиново масло и преостанатата паста од тревки. Убаво наместете го бутот помеѓу компирите, печете 20 минути, а потоа намалете ја температурата на 180°C. Печете 1 час и 15 минути за средно печено, а уште 15 минути ако сакате подобро подготвено јагнешко. Еднаш или двапати премачкајте го јагнешкото со соковите. Кога месото ќе биде готово по ваша желба, извадете го од тавата и оставете го да одстои. Остатокот од ориганото соединете го со компирот, извадете го од тавата и чувајте го на топло.
Тавата за печење ставете ја на средна температура, додадете ги доматите и маслинките во соковите што останале од печењето, па динстајте неколку минути. Јагнешкото послужете го со компири и сос и марула.