Регуларната сезона заврши, почнаа тренерските смени во НБА

Двата дена пауза помеѓу регуларната сезона и плејофот во НБА лигата се доволни за да се направат клучни промени, посебно кај тимовите кои не обезбедија учество во плејофот. Владе Дивац го повлече првиот потег, отпуштајќи го досегашниот тренер на Сакраменто Кингс, а по него уште неколку клуба се решија за промени.

Дејв Јергер беше отпуштен од тренерската позиција во Сакраменто Кингс, откако тимот ја имаше најдобрата сезона во последната деценија. Младото јадро од играчи во Кингс од наредната сезона ќе биде предводено од друг тренер – веројатно некој кој повеќе ќе одговара на амбициите на тимот.

По неполни две сезони на клупата на Мемфис Гризлис, отказ доби и Џеј Би Бикерстаф. Неговиот договор беше предвремено прекинат поради тоа што клубот реши да тргне во различна насока откако го трејдуваше Марк Гасол.

Отпуштен беше и тренерот на Кливленд Кавалирс, Лери Дру. Тој и онака ја презема тренерската позиција како исполнувач на должноста до крајот на сезоната, така што неговото отпуштање и не е така изненадувачко. По четири последователни финалиња, тимот го напушти Леброн Џејмс и Дру успеа да ги одведе до катастрофален скор од 19-63 во регуларната сезона.

Тројца од 14-те тренери на тимовите кои испаднаа веќе се отпуштени, а којзнае уште колку ќе добијат отказ до крај на овој месец. Во Феникс Санс веќе е закажан состанок на кој ќе се разгледува дали Игор Кокошков ќе биде задржан како тренер, Лук Волтон е на излезна врата од Лејкерс, додека на удар е и Скот Брук, кој си го ризикуваше местото со последните две лоши сезони во Вашингтон Визардс.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе