Роналдо е МВП во Италија, ама наградата ја чекаше надвор

Кристијано Роналдо синоќа беше прогласен за трет најдобар фудбалер на светот според изборот на France Football.

Додека неговиот ривал Лионел Меси по шести пат ја прими Златната топка на свеченоста во Париз, напаѓачот на Јувентус имаше поважна работа – во Милано се одржуваше доделувањето на признанија во Серија А.

Роналдо беше прогласен за најдобар играч (МВП) и за најдобар играч во минатата сезона на Серија А, но се потруди да го одбегне медиумското внимание, со оглед на тоа дека во Париз се одржуваше светски поважниот настан во светот на фудбалот.

Според италијанските медиуми, Роналдо не сакал да влезе во салата каде се одржуваше свеченоста во Милано додека не биде официјално прогласен за МВП, туку дремел во автомобил паркиран во близина.

Кога го прогласија за најдобар играч во Калчо лигата, Роналдо тргна внатре, а неговите телохранители им го попречија видикот на новинарите светкајќи им со рачни светилки во камерите.

Очигледна беше намерата да се спречи појавување на снимка на која ќе се види изразот на лицето на Роналдо додека неговиот најголем ривал ја примаше престижната Златна топка во Париз, престигнувајќи го по бројот на награди.

Роналдо го освои трофејот во 2008, 2013, 2014, 2016 и 2017 година. Во 2007 загуби од Кака, во 2009, 2011, 2012, 2015 година прв беше Меси, додека во 2018 година Лука Модриќ беше пред Португалецот. Во 2010 година, Роналдо го зазеде шестото место.

Португалецот минатата сезона постигна 21 гол во Серија А, беше четврти стрелец во лигата, но сепак ги доби двете најважни награди во Италија.

„Ќе се обидам да зборувам на италијански... горд сум што сум најдобар напаѓач во Италија. Им благодарам на моите соиграчи, на играчите кои гласаа, по две години овде можам да кажам дека ова е многу тешка лига. Ви благодарам на сите и се надевам дека и догодина ќе биде исто“, рече Роналдо кога ја прими наградата.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Фудбал

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе