„Шарената револуција“ со ултиматум за власта

Откако претходно претседателот Ѓорге Иванов ја повлече одлуката за аболицијата за сите 56 лица, движењето „Шарена револуција“вчера вечерта побара оставка на актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање на преодна влада, а најавија и радикализација на нивните протести со непопуларните блокади на раскрсниците во центарот на Скопје.

Притоа ова движење ги испорача своите барања за кои на власта ѝ даде рок до 18 јуни и од утре најави блокади на клучните раскрсници во Скопје.

Во прогласот објавен на официјалната Facebook страница на Шарената револуција на Владата ѝ се порачува „да ги сфати многу сериозно“ и „итно да ги исполни“ нејзините ултиматуми „за оваа криза да не се продлабочи уште повеќе“.

Според нивниот план сега треба многу брзо да бидат исполнети два од нивните услови, а тоа се Уставниот суд да се произнесе за уставноста на Специјалното јавно обвинителство и да запре прогонот врз демонстрантите.

Покрај овие барања за кои демонстрантите го испорачуваат рокот до 18 јуни, тие бараат и оставка на актуелната влада на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и формирање преодна влада, потоа формирање специјално одделение во Кривичниот суд за предметите на СЈО , вклучување на граѓанските организации во преговорите, оставка на Ѓорге Иванов од функцијата Претседател на Република Македонија

Тие најавија радикализација на протестите со блокади на раскрсниците во Скопје од среда 8 јуни затоа што велат дека така ќе покажат како всушност изгледа животот во блокирана држава со блокиран пристап до правда, блокирани и партизирани институции.

„Блокада на системот е нужна за да ги спречиме и понатаму да ја блокираат правдата! Бараме разбирање и поддршка од сите наши сограѓани, бидејќи ова го правиме за подобра иднина за сите нас“, се вели во прогласот на Шарената револуција.

Протестот започна вообичаено во 18 часот пред СЈО, а демонстрантите ги пречека силен полициски кордон. Денешниот протест се одвиваше под мотото „Овде е крајот. Заради Мартин, за сите!“. На денешен ден пред пет години, Мартин Нешковски беше претепан од специјалецот Игор Спасов на прославата на изборната победата на ВМРО-ДПМНЕ.

На вчерашните протести демонстрантите по кусо кошкање го пробија полицискиот кордон од полицајци кај Соборниот храм, и успеаја да се пробијат кон зградата на Владата. На чело на вечерашниот протест беа и лидерите на опозициските партии.

реклама

Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Read more

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Read more

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Read more
 

Вести

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе