Здравје

Шест митови за дигестивниот систем

18. септември 2019 - 12:48 | М.С.

Нутриционистката Лили Сутер ги открива најчестите митови за дигестивниот систем и варење на храната.

За повеќето од овие митови најверојатно сте слушнале и верувате во нив, а нутриционистката ви ја открива вистината.

Ако ја џвакате храната 20 пати го подобрувате варењето

„Ова правило со кое ги учат децата со години, не е баш вистинито“, вели Сутер. Таа објаснува дека храната во усната празнина се меша со плунката и тогаш почнува процесот на разградување. Не е важно дали храната ја џвакате пет или дваесет пати, важно е да е доволно соџвакана за да ја голнете.

Црвеното месо е причина за појава на канцер

Консумирањето на црвено месо не мора нужно да значи дека ќе се појави некој вид на рак, особено рак на цревата. Таа советува дека најдобро е внесот на црвено месо да се ограничи на 70 грама дневно, за да се намали ризикот од појава на канцер.

Стресот е причина за појава на чир на желудникот

Стресот може да ја влоши појавата на чир, но таа додава дека чирот на желудникот настанува како последица на бактериска инфекција.

Храната го впива алкохолот

Многумина сметаат дека при консумирање на алкохолот потребно е да внесуваат храна затоа што таа полесно го впива алкохолот.

Меѓутоа, Сутер објаснува дека доколку јадете пред да консумирате алкохол, тогаш ќе се успори брзината со која алкохолот ќе се апсорбира.

Топлата вода помага за варењето

Некои студии покажаа дека чаша топла вода помага при варењето така што ги испира токсините, но Сутер нема црвсти докази за тоа.

Ако проголтате гума за џвакање, ќе ви остане во стомакот со години

Нутриционистката истакнува дека не постојат никакви шанси гумата за џвакање да остане подолго време во цревата.

„Организмот не може да ја разгради мастиката толку брзо како останатата храна, но гумата за џвакање ќе излезе при првото празнење на цревата“.

Коментирај