СЕРИЈА А 2023/2024

Што навистина му рекол Ачерби на Жезус?

Италијанскиот дефанзивец вели дека Бразилецот погрешно го разбрал италијанскиот израз за „ќе те истепам“. Тој беше обвинет дека на дуелот Интер - Наполи во неделата расно го навредил гостинскиот играч.

Франческо Ачерби синоќа се сретна со раководството на Интер, повторувајќи уште еднаш дека не рекол ништо расистичко. Се чини дека во реконструкцијата на дефанзивецот изречената фраза била „ќе те помодрам“. Тоа на италијански е „ti faccio nero“ (ти фачо неро), што во буквален превод значи „ќе те направам црн“, алудирајќи на тоа дека ќе го истепа.

Оттука и изјавата на Ачерби по враќањето од репрезентацијата: „Жуан Жезус погрешно ме разбра“. Тоа навистина нема никаква врска со бојата на кожата на Бразилецот, оти тој израз во Италија се користи за сите. Зборот „неро“ (црн) тука е само коинциденција.

Интер сега чека да ја дознае можната санкција која според собраното од Обвинителството, спортскиот судија ќе ја донесе за играчот. Сигурно клубот никако не сака неговото име да се поврзува со зборот расизам и врз основа на тоа каков ќе биде конечниот исход од оваа приказна, ќе одлучи дали ќе преземе дополнителни мерки кон Ачерби.

На крајот, одличниот дефанзивец ни крив ни должен може да добие казна. Во договор со селекторот Лучано Спалети, тој ќе го пропушти репрезентативниот собир и пријателските натпревари во САД против Венецуела и Еквадор.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Фудбал

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Read more

Меси повторно растура!

Read more

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

7 фудбалери кои си ја фрлија кариерата во вода

Читај повеќе
  • play_arrow

Јовиќ им пркоси на законите на гравитацијата

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе