Сидни Свини откри со каков спорт се занимава и што најчесто јаде

Американската актерка Сиднеј Свини ја носи титулата една од најатрактивните жени во светот, а сега реши да открие како го одржува својот беспрекорен изглед.

Во интервју за списанието Women's Health таа изјави дека за појадок најчесто јаде бобинки, јајца и ѓеврек. Избегнува да пие засладени пијалаци и кафе и тврди дека пие само вода.

За ручек јаде Цезар салата со пилешко или чизбургер. Не се откажа од слатките, а омилено благо ѝ е колаче со парчиња чоколадо прелиено со сладолед од ванила.

Ја сака италијанската кујна, па често е нејзин избор за вечера. Свесна е дека ваквиот начин на исхрана не е најздрав, но и е важно да ужива во храната.

„Еден ден ќе почнам да јадам поздрава храна, но сега вежбам, за да можам да балансирам сè. Ја сакам храната и тоа ме прави среќна“, вели таа.

Веќе подолго време тренира мешани боречки вештини (ММА).

„Имав сè во розово во рингот - маска, ракавици, штитник за уста, сè. Кога влегуваш во рингот како девојка во розово, мажите често те потценуваат, но кога ќе ја покажеш својата вистинска сила, тоа е најдоброто чувство“, раскажува Свини.

Вели дека се обидува да најде време за вежбање дури и кога е зафатена со деловни обврски.

„Ако имам саат време слободно, правам вежби со помош на една од онлајн платформите за вежбање“, додаде.

Тагови
реклама

Филм & ТВ

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Read more

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more
 

Сцена

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе