Слатки што може да се јадат без каење или страв од дебелеење

Ако сакате да изгубите килограми или да го намалите внесот на нездрави слатки, опциите како што се мус од темно чоколадо или пудинг од чиа може да бидат здрава замена.

Ако се обидувате да ослабете или едноставно сакате да се храните здраво, ретко ќе посегнете по чоколадна торта или други нездрави слатки. Сепак, ваквиот начин на исхрана не мора да значи дека треба целосно да ги избегнувате слатките.

И понатаму можете да уживате во десерти кои нема да предизвикаат дебелеење, тврдат нутриционистите. Следниве десерти ќе ја задоволат вашата желба за благо без да додадете тони шеќер или калории во вашата исхрана, а некои дури имаат неверојатни нутритивни придобивки.

Овошен сладолед

Овошниот сладолед за многумина е забавен потсетник на детството и е совршена замрзната алтернатива за секој што сака да избегнува млечни производи. Сепак, бидете внимателни: некои сладоледи што можете да ги најдете во продавниците содржат додаден шеќер. Сигурна опција може да биде подготовката на домашни сладоледи со состојки како што се јагоди, праски, темно чоколадо и лубеница.

Мус од темно чоколадо

Мусот од темно чоколадо носи многу антиоксиданси од темното чоколадо, а додавањето на кокосово млеко, суров мед и ванила го засладува горчливото темно чоколадо и исто така обезбедува здравствени придобивки.

Една од најимпресивните карактеристики на темното чоколадо е неговата висока содржина на антиоксиданси. Антиоксидансите вклучуваат витамини, минерали и фитохемикалии - корисни растителни соединенија.

Чиа пудинг

Пудингот од чиа семе може да биде уште една здрава алтернатива на слатките полни со шеќер, а содржи чиа семе, незасладено кокосово млеко, екстракт од ванила, мед и бобинки. Чиа семките се полни со антиоксиданси, добри масти и растителни влакна, а влакната ќе ве држат посити подолго време и ќе ве спречат да грицкате храна полна со шеќер.

Банана леб

Банана лебот од кокосово брашно е хранлива и вкусна алтернатива на традиционалниот банана леб, често фаворизиран од оние што бараат поздрав начин на живот или сакаат да изгубат килограми.

За разлика од банана лебот направен со сенаменско брашно, оваа верзија е без глутен и значително пониска со јаглени хидрати, што го прави соодветен избор за поединци кои сакаат да управуваат со нивниот внес на калории и да ја намалат потрошувачката на јаглени хидрати.

реклама

Живот

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Read more

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе