Случај „Еразмус“ : Судот им забрани на професорите да работат додека трае судскиот процес

На барање на Јавното обвинителство, Основниот суд – Скопје 1, на четворица вработени во Економскиот факултат во Скопје, кои се под истрага за случајот „Еразмус“, во кој се товарат дека примале мито од студенти, им забрани времено да работат на факултетот додека има потреба или до правосилност на пресудата.

„Постапувајќи по предлог на Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерка за претпазливост против шест лица опфатени со предметот во јавноста познат како „Еразмус“, пред судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, во текот на вчерашниот ден беа повикани шесте лица заедно со нивните полномошници и јавниот обвинител за да се произнесат во врска предложената мерка“, соопштија од судот.

Обвинителот за две лица го повлече предлогот за определување мерка за претпазливост, додека по ценење на причините заради кои е поднесен предлогот за преостанатите четири лица, судијата на претходна постапка донесе одлука со која го прифати предлогот на обвинителството и на Б.Ш, Д.Ј., С.Р. и Љ.Ј. им определи мерка за претпазливост, забрана за превземање определни работни активности кои се поврзани со кривичното дело, а која мерка ќе трае додека постои потреба, а најдолго до правосилност на пресудата.

На овие решение, странките имаат право на жалба до Кривичниот совет при овој суд.

Обвинителството смета дека тие со продолжување на обавување на својата дејност можат да влијаат врз жртвите од овој случај, па затоа побара привремено престанување на нивната работа.

 

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Read more

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Read more

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Read more

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Read more
 

Вести

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе