Едвард Сноуден ѝ се обрати на јавноста по резултатите од претседателските избори во САД, упатувајќи порака дека луѓето не треба да се надеваат во Обама, ниту да се плашат од Доналд Трамп.
Тој одговараше на прашања што луѓето му ги поставуваа преку социјалните мрежи, користејќи го хаштагот #StartPageSnowden. Им порача на луѓето да не вложуваат надежи во поединечни луѓе, туку да размислат што можат тие да направат за да променат нешто во општеството. Според него, Барак Обама ветуваше многу работи за масовното надгледување, за тортурата, убиствата и слично но не направи ништо, не ги исполни ветувањата.
Кога станува збор за изборот на Доналд Трамп, еве што мисли:
„Тој е само претседател. Политичарите го прават тоа што мислат дека ќе доведе до поголема поддршка. Не треба да се плашиме од Доналд Трамп“.