Ако ви треба брз ручек, тогаш белото месо со грав и кашкавал треба да биде ваш избор.
Белото месо е практично за подготовка, бидејќи не бара многу време, а не е ниту скапо. Можете да го варите, печете во рерна или на скара, похувате... а денес ви предлагаме уште еден брз рецепт за бело месо. Ова јадење се подготвува за помалку од половина час, а неговиот вкус ќе ги воодушеви буквално сите. Доколку сакате, можете да го послужите со свежа салата.
Потребни состојки:
- 2 пилешки стека (600 гр.)
- 1 конзерва црвен грав
- 1 кромид
- 2 лажици доматна паста
- 100-150 мл вода
- 50 гр кашкавал
- 1 лажичка блага пипер
- масло
- сол
- бибер
Подготовка:
Во тавче на малку масло пропржете го белото месо исечкано на коцки, а кога ќе добие која додадете го ситно исечканиот кромид.
Во месото додадете го гравот кој сте го процедиле, како и доматната паста што сте ја измешале со вода. Сѐ добро измешајте, посолете, побиберете и додадете зачини по желба.
Покријте и динстајте уште 2-3 минути, а потоа посипете со рендан кашкавал и повторно покријте. Оставете на оган уште 2 минути, а потоа можете да послужете. Добро оди со салата од свежа марула, дајкон и ротквица.
На видеото има уште три други предлог салати за додаток.