Времето денеска ќе биде претежно сончево со слаб до умерен јужен и југозападен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 3 до 10 Целзиусови степени, додека дневната ќе биде во интервал од 23 до 31 степен.
Во Скопје и околината слично време со дневна температура до 28 степени.
УВ индексот ќе изнесува 7.
Во следните денови ќе се задржи стабилно, суво топло за овој дел од годината. Најтопло ќе биде денеска и во првите два дена од наредната седмица кога највисоката дневна температура на некои места особено на југот ќе надминува 30 степени.