Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и топло за овој период од годината. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен правец.
Утринските температури ќе се движат од 4 до 9 степени, додека дневните ќе бидат во интервал од 16 до 23 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината ќе преовладува слично време со дневна температура до 21 степен.
До среда ќе се задржи стабилно и топло за овој период од годината со умерен, повремено засилен јужен ветер. Утре ќе има повремени врнежи од дожд, а дневната температура на воздухот ќе се спушти за околу 5 степени.