Sport тврди: Азар договори трансфер со Реал Мадрид

Каталонскиот весник Sport објави вистинска трансфер-бомба. Според тврдењата на весникот, Еден Азар постигнал договор со Реал Мадрид, а наводно познати се и деталите од договорот.

Белгискиот репрезентативец се очекува да потпише петгодишен договор вреден 16,5 милиони евра по сезона и со тоа би станал вториот најплатен играч во клубот, по Гарет Бејл.

Сега останува Реал и Челзи да се договорат околу трансферот. Азар има договор со англискиот клуб до крајот на летото 2020 година, а на „Стемфорд Бриџ“ прават сѐ за да ја одложат забраната за трансфери од УЕФА и да можат да го реализираат преминот.

Реал наводно понудил околу 80 милиони евра за Азар, а лондонскиот клуб бара околу 115 милиони евра. Поранешниот играч на Лил со години е голема желба на претседателот на Реал Флорентино Перез, па нема да биде неочекувано, ако Азар ја прифати преселбата во Мадрид, двата клуба да се „најдат на средина“ и да се договорат за 105 милиони евра за да се оствари големиот трансфер.

Во редовите на Реал Мадрид остана голема празнина по заминувањето на ѕвездата Кристијано Роналдо, што уште никој ја нема достојно пополнето, па многумина сметаат дека Азар совршено ќе се вклопи во тимот.

Многу фудбалски познавачи сметаат дека Азар ќе го напушти Челзи на крајот на сезоната, а во прилог на таквите мислења е фактот дека „сините“ веќе го имаат договорено трансферот на Кристијан Пулишиќ од Борусија Дортмунд за 64 милиони евра.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе