Среќен роденден, Харуки Мураками

Славниот јапонски писател и преведувач денес полни 74 години, а во негова чест одвоивме интересни цитати од неговите дела.

Харуки Мураками е роден на 12 јануари 1949 година во Кјото, но поголем дел од детството го минал во Кобе. Неговиот татко бил будистички свештеник, а мајка му предавала јапонска книжевност.

И покрај овој факт, Мураками бил под влијание на западната култура, руската музика и литература. Израснал читајќи ги Франц Кафка, Чарлс Дикенс, Фјодор Достоевски, Лав Толстој, Густав Флобер и други. Овие влијанија го направиле Мураками поразличен од повеќето јапонски писатели.

„Најважната работа што ја учиме од училиште е фактот дека најважните работи не можат да се научат на училиште“, има напишано Хураками во една прилика.

Книгата што го прослави, „Норвешка шума“  го доби насловот по име на песна од Битлси.

Со пишување почнал на 29 години. На првиот роман работел 10 месеци. Навечер пишувал, а преку ден работел во бар. Романот го испратил на книжевен натпревар и така ја освоил главната награда во 1978 година. Денес, неговите книги и приказни се бестселери.

Некои од романите се екранизирани, а филмови се направени и од кратките раскази. Кога работи на книгите, најголема поддршка му е сопругата. Таа прва ги чита неговите дела.

Инспиративни цитати од Мураками:

1. „Не постои погрешно мислење, Постојат мислења кои не се слагаат со нашите. Тоа е сè.“

2. „Мислев дека луѓето растат постепено, малку по малку. Испадна дека не е така. Растат „преку ноќ“.

3. „Сè што некогаш било со нас, а потоа го снемало, иако засекогаш го нема, остава празнина која никогаш не може да ја пополниме“.

4. „Кога секој би верувал во среќен крај, светот не би имал од што да се плаши“.

5. „Без разлика колку и да се трудиш, не постои начин да избегаш од болката што ја чувствуваш кога си вознемирен“.

6. „Кога се прегрнуваме, ги делиме нашите стравови.“

7. „Никој не сака да биде сам. Јас мразам да бидам разочаран.“

8. „Сеќавањата нè греат од внатре. Но, и многу нè болат.“

9. „Секој и сè изгледа убаво гледано од дистанца.“

10. „Ако сè се случува онака како што сакате, животот ќе ви биде досаден.“

Кој е вашиот омилен цитат?

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Книги

Граѓаните на ЕУ повеќе претпочитаат печатени отколку електронски книги

Read more

КАЈГАНА препорака: Зошто треба да го прочитате крими романот „Нож“ на Ју Несбе?

Read more

Промовирана монографијата 100 години Тиверија

Read more

Нов роман на Фросина Пармаковска

Read more
 

Магазин

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе

Како да знаете дали се плаши од сериозна врска?

Читај повеќе

Во која земја младите се најсреќни? Не, не е Македонија

Читај повеќе

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе