Стар италијански специјалитет: Ризото со тиква

Ризотото со тиква е вистинско есенско јадење. Искористете ја сезоната на ова растение и направете го најубавиот и највкусниот прилог, кој е стар италијански деликатес.

Ризотото (не рижото, тоа е погрешно!) потекнува од Северна Италија и се подготвува со ориз и супа. најкласичнниот рецепт за ризото е многу едноставен - малку путер, кромид, можеби вино, ориз со кратко или средно зрно и супа, а на крајот се украсува со пармезан.

Нешто за оризот и ризотото

Оризот на Сицилија и во Шпанија во XIV век го донеле Арапите. Одгледувањето ориз продолжило во Неапол и на крајот се проширил во Северна Италија преку мочуриштата низ долините на реката По. Медитеранската клима со висока влажност била погодна за одгледување на ориз со кратки и долги зрна. Сѐ до XVIII век ризотото како состојка вклучувало варен ориз. Верзијата на рецептот кој денес најмногу се консумира прв пат била објавена во 1829 година. Вклучувала пржење на оризот со путер и кромид, а потоа додавање малку по малку супа со постојано мешање додека не стане кремасто и богато. Ризотото можете да го направите со било кои состојки, но важно е да пратите некои чекори за да ви излезе совршено. Основната состојка за ризото е, секако, оризот, а можете да користите со кратко или долго зрно. Во принцип, постојат два скроба: амилопектин и амилоза. Оризот со кратко зрно има виосоко ниво на амилопектин и малку амилоза, а тој сооднос му дава способност да апсорбира течност и да ослободува скроб. За оној со долго зрно важи обратното. Друга основна состојка за ризотото е кромидот, бидејќи му дава специфична арома. Како трета состојка е супата, односно булјон, кој е задолжителен бидејќи така оризот нема да се исуши и ќе биде кремаст. И четвртата состојка е пармезанот. Сите 4 состојки се задолжителни ако сакате совршено ризото, а сите останати состојки можете да ги додавате по желба.

Потребни состојки:
  • ¼ лажичка мускатно оревче
  • 2 лажички ситно исечката свежа жалфија
  • ½ главица кромид
  • 230 гр ориз
  • 1 шолја суво бело вино
  • 1 л булјон од зеленчук
  • ½ шолја пармезан
  • ½ шолја пире од тиква
  • 2 лажици несолен путер
Подготовка:

Во тава загрејте лажица масло па додадете мускатно оревче и жалфија и мешајте околу 30 секунди. Потоа додадете сечкан кромид и посолете. Динстајте додека не омекне и често мешајте. Додадете измиен ортиз и пржете неколку минути. Истурете вино и гответе, повремено мешајќи, додека течноста потполно не испари, 2 до 3 минути. Намалете ја температурата на средно-ниска. Турете 3/4 шолја булјон над оризот и гответе, повремено мешајќи, па оставете оризот да си крчка. Кога оризот речиси ќе го впие булјонот, повторувајте во серии со останатиот булјон додека оризот не омекне, околу 25-30 минути. Додадете пармезан и пире од тиква (кое се прави така што ќе ја зготвите тиквата и испасирате), како и путер. Гответе додека сѐ убаво не се соедини, непрестајно мешајќи, околу 5 минути.

Тагови
реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Нови пресметки од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ има еден мандат помалку, ЗНАМ еден повеќе

Read more

Рецепти

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Две најголеми грешки што ги правиме кога готвиме тиквички

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
 

Магазин

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Читај повеќе

8 совети за родителство што злато вредат

Читај повеќе

Исфрлете ги веднаш: Намирници што докажано предизвикуваат рак

Читај повеќе

Кои клучни особини ги наследуваме од родителите?

Читај повеќе
  • play_arrow

Две најголеми грешки што ги правиме кога готвиме тиквички

Читај повеќе

Кога треба да појадувате за да слабеете?

Читај повеќе
  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе