Светското првенство влијае на битката за титулата во Премиер лигата

Лондон, 9 февруари 2019 (МИА) – Светското првенство во Русија заврши пред речиси седум месеци, но уште дава одраз на битката во Премиер лигата. Ова се вели во извештајот на осигурителниот брокер JLT Specialty за повредените играчи во англиското првенство.

Според нив, лидерот Ливерпул бил „оштетен“ од дванаесет различни повреди на играчи кои учествувале на Светското првенство. За споредба, противникот за титулата, Манчестер Сити се соочил со 27 повреди на своите фудбалери.

Шампионите имале зголемување на бројот на повредите за 44 отсто во споредба со минатата сезона во оваа фаза. „Граѓаните“ испратија 16 играчи на Светското првенство во Русија од осум различни националности. Токму Сити е тимот, кој е најпогоден од повредите.

Еден од лидерите на Манчестер Сити е Кевин Де Бруин кој во просек одигра 36 натпревари во претходните две сезони. Поради тешкито Мундијал и неговото исцрпување, белгискиот репрезентативец доби повреди во последните неколку месеци. Ова доведе до само четири натпревари во кои Де Бруин започна како стартер.

„Кога играш речиси постојано во текот на 11 месеци доаѓаат повреди. Убеден сум дека светското првенство влијае. Кога си свеж и одморен не се повредуваш толку често“, изјави менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола.

Извештајот на JLT Specialty гласи дека повредите во Сити довеле до пропуштање на 617 дена тренинзи и натпревари за играчите на шампионите. Ова пак води до повеќе од 17 милиони фунти трошоци за обновување. Во Ливерпул показателите се пониски – 128 дена и 9,3 милиони.

Третиот тим, кој е во битката за титулата, Тотенхем, исто така е од погодените. Во моментов најголемите ѕвезди на „петлите“ Хари Кејн и Деле Али, кои играа на светското, се повредени.

Клубовите од топ 6 на Премиер лигата беа под влијание од 201 различни повреди на своите играчи, објаснува Данкан Фрејзер, кој е на чело на спортскиот оддел во „ЏејЕлТи Спешлти“.

„Недостатокот на зимска пауза во Англија, во комбинација со тешкото светско првенство води до исцрпеност кај играчите. Ова создава предуслови за повреди кои се одразуваат на водечките тимови. Токму тие се оние кои праќаат најмногу играчи на светското“, вели Фрејзер.

Според него, сепак клубовите умеат да се справат со такви тешки ситуации.

„Фактот дека англиските тимови продолжуваат напред во европските клубски турнири – Лигата на шампионите и Лига Европа, сам по себе покажува за квалитетот во составите“, смета тој.

Податоците на JLT Specialty гласат дека до моментов клубовите од Премиер лигата одвоиле трошоци од над 130 милиони фунти за опоравување на своите играчи, кои претрпеле повреди. Сумата е пресметана до 22 јануари и ако тимовите се движат по распоред, ќе ги надминат минатогодишните 213 милиони.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе