Телескопот Euclid се одмрзна и повторно ѕирка во темната вселена

Европската вселенска агенција ESA потврди дека нејзиниот телескоп Euclid повторно е во функција.

ESA на 19 март соопшти дека таложењето мраз предизвикало „мало, но прогресивно намалување“ на количината на ѕвездена светлина што телескопот за „темната вселена“ може да ја прими.

Агенцијата започна експериментална кампања за одмрзнување во која загреа некои од огледалата на телескопот во обид да го отстрани мразот. Овој потег беше успешен, па телескопот повторно работи.

Она што е импресивно е фактот дека тимот на Euclid го одмрзна телескопот од голема далечина, а тоа го направи со загревање на едно од шесте огледала за кои се верува дека се коренот на проблемот. Научниците веруваат дека мразот настанал на огледалото поради капка вода од воздухот што влегла во леталото за време на неговото склопување. Огледалото се загревало 1,6 сета, а температурата од минус 147 е покачена на минус 113 степени.

Откако се загреа огледалото, научниците открија дека инструментот VIS на Euclid почнал да прима 15 проценти повеќе светлина. Тоа беше и потврда за успешна постапка на одмрзнување. Научниците се исклучително задоволни бидејќи резултатите се подобри од очекуваното.

URL

ESA соопшти дека таложењето мраз на Euclid не било сосема неочекувано, бидејќи е практично невозможно да се спречи влагата од воздухот да заврши во вселенското летало за време на склопувањето. Исто така, не е можно да се процени количината на влага, па дури и мала количина може да предизвика таложење мраз, што влијае на способноста на Евклид да го набљудува вселената. Затоа, ESA мора периодично да ја повторува истата постапка за одмрзнување на секои шест до 12 месеци, а тоа ќе има многу мало негативно влијание врз научните набљудувања и остатокот од мисијата.

Euclid беше лансиран со ракета Falcon 9 минатиот јули. Околу еден месец по лансирањето, телескопот ги испрати првите слики од вселената. Неговата задача е огромно истражување на небото, кое ќе им помогне на научниците подобро да ги разберат мистериозните сили на темната енергија и темната материја. Заедно тие сочинуваат 95 проценти од универзумот, но нивниот состав останува мистерија.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Вести

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Read more

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Read more

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more
 

Гик

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе