Телескопот Euclid ги прати првите фотографии од досега невиден дел на универзумот

Европскиот вселенски телескоп Euclid денеска ги испрати првите снимки од брилијантна маглина во облик на коњска глава, досега невидена далечна галаксија и „индиректни докази“ за постоењето на невидлива темна материја.

Euclid (Евклид), именуван по познатиот грчки математичар, беше лансиран во јули на првата мисија во светот за проучување на космичките тајни на темната материја и темната енергија.

URL

Неговата задача е да мапира третина од небото кое вклучува две милијарди галаксии со цел да создаде прецизна 3Д мапа на универзумот. Откако стигна на 1,5 милиони километри од Земјата, европската сонда почна да ги испраќа првите снимки објавени денеска од Европскиот центар за вселенски операции во Дармштад, Германија.

Досега невидени галаксии

„Неверојатни и импресивни снимки кои нè потсетуваат дека е важно да се оди во вселената за да дознаеме повеќе за нејзините тајни“, рече Јозеф Ашбахер, шеф на Европската вселенска агенција (ESA), во изјавата. Меѓу нив е и снимката на маглината Коњска глава во блиското соѕвездие Орион, како и спирални и „неправилни“ галаксии.

Рене Лаурејс, главниот научник на проектот, рече дека „најинтересната“ слика е од јатото Персеј (на сликата подолу), кое вклучува илјада галаксии додека во позадина се повеќе од 100.000 галаксии, од кои некои се оддалечени 10 милијарди светлосни години и никогаш претходно не биле видени.

За првите пет фотографии му биле потребни само осум часа

Специјалноста на Euclid е тоа што има широко видно поле „невидено во историјата на астрономијата“, изјави за AFP Жан-Шарл Куиланд, астроном и физичар во Комисијата за атомска енергија (CEA), која е членка на конзорциумот Euclid.

Благодарение на овој широк поглед, телескопот, опремен со два уреди (оптички и близок инфрацрвен), може да прави толку големи слики со висока резолуција. Сето тоа го прави исклучително брзо: му биле потребни само осум часа за првите пет фотографии.

ЕСА го опишува Euclid како „детектив од темната страна на вселената“ чија мисија е да истражи зошто 95 проценти од универзумот се состои од темна материја и енергија за кои не знаеме речиси ништо.

Remote video URL
реклама

ВМРО-ДПМНЕ ги постави контурите за коалицирање со партиите – во фокусот се 3 точки

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Наука

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Read more

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Read more

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Read more

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Read more
 

Гик

Бизарен извештај на ЦИА од 1983 за менувањето димензии со умот

Читај повеќе
  • play_arrow

Како се креира содржина во поновите верзии на Microsoft Word?

Читај повеќе

TikTok ја тужи Белата куќа: Си го кршат сопствениот устав, ќе замолкнат 170 милиони Американци

Читај повеќе

Tи се игра „змија?“

Читај повеќе

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе