Убијците на Данка мислеле дека направиле совршено злосторство, но заборавиле еден важен детаљ

Макфакс/Кајгана
/ 04.04.2024 / 18:30

Срѓан Јанковиќ (50) и Дејан Драгијевиќ (50) од околината на Бор, кои се осомничени дека ја убиле Данка Илиќ (2), а потоа се обиделе да ѝ го скријат телото и покрај тоа што мислеле дека имаат совршен план, не го зеле предвид фактот дека и делото и криењето на телото се извршени во службеното возило на ПУК „Водовод“, во кое е вграден GPS, пишува Nova.rs.

Работниците на борското јавно комунално претпријатие „Водовод“ Срѓан Јанковиќ (50) од село Лука и Дејан Драгијевиќ (50) од село Злот се осомничени дека сториле кривично дело тешко убиство, на штета на двегодишната Данка Илиќ. Тие, наводно, на 26 март прво удриле во Данка со службената „фиат панда“, која ја управувал Драгијевиќ. Детето наводно не било усмртено од ударот, туку, по кажувањето на еден од нив, плачело на патот и потоа било ладнокрвно задавено. Тогаш Јанковиќ, го ставил нејзиното тело во задниот дел од автомобилот.

Потоа наместо да го однесат детето во најблиската здравствена установа или да се јават во итната помош и полиција, тие смислиле план да го сокријат телото на девојчето и да молчат за делото. Според полициската реконструкција на настанот, тие со автомобил се упатиле до ѓубриштето на Старобањски пут, каде што го фрлиле телото на девојчето.

Очигледно не биле свесни за фактот дека цело време имале GPS локатор во нивниот автомобил, што го олеснувало одредувањето каде се наоѓаат, колку долго престојуваат на одредени локации. Бидејќи безбедносните камери снимиле дека тие биле во Бањско Поле на кобниот ден на исчезнувањето на детето, полицијата набрзо дошла кај нив да собере информации за тој ден, а потоа им била извршена полиграфска проверка. И двајцата одговарале на полиграфски тестови.

Додека траела потрагата по Данка Илиќ во Бањско Поле, нејзиниот татко наишол на возилото „фиат панда“ на работниците во јавното комунално претпријатие, прашал дали го виделе детето, на што тие одговориле негативно.

Едниот од осомничените, наводно, два дена по убиството се вратил на местото каде го фрлиле телото и го преместил. Извори од истрагата велат дека двајцата осомничени си ја префрлаат вината и не може да им се верува во изјавите што ги даваат.

реклама

Регион

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе