Вардар не успеа, Веспрем оди Ф4

По Фленсбург и Кјелце и ракометарите на Веспрем не му дозволија на Вардар да избори пласман на завршниот турнир во Лигата на шампионите. Веспрем и Вардар, во четвртфиналниот реванш одиграа без победник 30:30 (12:14). Во вкупниот скор решавачка беше победата на Веспрем во Скопје 29:26.

Вардар, во реваншот од стартот, со одбраната 5-1, во која најистурен беше Дибиров и рационалниот напад, успеа да ја спречи агресијата на Веспрем, што во раната фаза на мечот му овозможи да ја анулира предноста на Унгарците.

Вардар имаше 4:1 по седум минути игра, а потоа и 6:2 во десеттата минута. „Црвено-црните“, во првиот дел пет пати ја имаа посакуваната разлика од четири гола (6:2, 9:5, 10:6, 12:8, 14:10).

Веспрем го најави враќањето во натпреварот во 28.минута и водството на Вардар 14:10. Унгарците во последните две минути од првото и воведните четири минути од второто полувреме со серијата 5:1, стигнаа до првото израмнување на мечот 15:15, а потоа во 40.минута го имаа првото водство 19:18.

Во последните 20 минути Веспрем беше тимот кој ја одржуваше предноста од два гола, Вардар постојано ја „бркаше“ предноста на противникот, последната шанса за сериозна закана кон противникот Вардарци ја имаа во последните две минути кога најпрвин Штербик одбрани седмерец, а потоа Брумен погоди за 28:29.

Слично како и во Скопје, клучни фактори во играта на Веспрем беа голманот Алиловиќ и левиот бек Илиќ. Алиловиќ имаше 12 одбрани, а Илиќ постигна девет голови, од кои шест во последните 20 минути. Блескаше и Наѓ со седум голови.

Кај Вардар најефикасни беа Душебаев со шест, односно Циндриќ и Шишкарев со по четири голови, додека Штербик имаше девет одбрани.

Натпреварот во Веспрем беше последен кој во Лигата на шампионите, како играчи на Вардар, го одиграа Горбок, Брумен и Тоскиќ.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Ракомет

Вардар го доби дербито против Еурофарм Пелистер, блескаше голманот Томовски

Read more

Познати четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите, тронот го брани Магдебург

Read more

Најдебелиот ракометар во светот има нов клуб, доаѓа во соседството

Read more

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more
 

Спорт

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе