Во терористички напад во Ница убиени најмалку 80, стотина повредени

Преку 80 се убиени, а околу стотина лица повредени во напад во француска Ница, кога лице со камион почнал да гази толпа луѓе, излезени на улици за прослава на национален празник.

„Според прелиминарните податоци, бројот на загинатите надмина 80 луѓе, повеќе од 100 се повредени“, се наведува во извештајот.

Околу четириесет од повредените се наоѓаат во критична состојба, пишува локалниот весник Nice Matin. Весникот ја објави фотографијата од белиот камион чија шофершајбна е изрешетана од куршуми.

Засега нема податоци за националноста на жртвите, освен што руското министерство за надворешни работи соопшти дека во Ница загинал еден руски државјанин, а уште еден е ранет.

Според претходните извештаи возачот на камион околу 22:30 часот, во должина од два километри возел во толпата луѓе кои на познатото Англиско шеталиште во централното подрачје на Ница вчера вечерта се собрала да го следи традиционалниот огномет по повод националниот празник Денот на падот на Бастилја – 14-ти јули.

Дејството на возачот на камионот кој влетал во масата во Ница било со намера, изјави првиот човек на регионот Прованса-Алпи-Азурен Брег, Кристијан Естрози, додавајќи дека во камион биле најдени оружје и гранати.

Естрози, исто така, за медиумите изјави дека „според сведочењето на луѓето и полицијата“, возачот пукал во луѓето.

Според очевидец, возачот на камионот воопшто не запирал, возел цик-цак, ги газел луѓето речиси два километра по кејот, а исто така отворил и оган. Според друг сведок, возачот намерно го возел камионот така за да може да прегази што повеќе луѓе.

„Тоа е очигледно, сосема очигледно. Прво мислевме дека на возачот му се слошило, но набрзо стана јасно, дека не е така. Тој сакаше да убие што е можно повеќе луѓе“, изјави очевидец за телевизиите.

Заменикот префект на департманот, Себастијан Умбер соопшти дека возачот е ликвидиран во престрелка со полицијата. Засега информациите зборуваат дека станува збор за еден напаѓач, иако првично очевидци сметаа дека нападот го извршила група.

Истрагата за нападот во Ница му е предадена на антитерористичкото обвинителство, соопшти информативната телевизија BFMTV.

По нападот кој се одигра по 22:30 часот по локално време, францускиот претседател Франсоа Оланд., кој за време на нападот беше во приватна посета на Авињон, се врати околу 1:30 часот во Париз и се упати во министерството за внатрешни работи каде што е сместен Кризниот штаб.

 

реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Читај повеќе

Мисајловски: На 8 мај да ставиме печат на историската победа

Читај повеќе
  • play_arrow

Димитриевски: Го поддржав Пендаровски во минатиот мандат, но истата грешка нема да ја повторам

Читај повеќе

Ахмети: Албанците не го оспоруваат идентитетот на Македонците

Читај повеќе

Велосипедист тешко повреден во сообраќајка во Охрид

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради денот на полицијата

Читај повеќе

Снопче ги праша ДУИ: Со која партија ќе формирате влада и зошто не го поддржувате Пендаровски во вториот круг?

Читај повеќе
  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе