WhatsApp воведува голема промена која на многумина нема да им се допадне

Корисниците на Android наскоро ќе мора да го жртвуваат слободниот простор на Google Drive кога прават бекап на WhatsApp разговорите.

WhatsApp, најпопуларната апликација за пораки во светот, воведува промена која нема да им се допадне на корисниците на Android - при правењето бекап на разговорите, корисниците ќе трошат од слободниот простор на Google Drive.

Платформата во сопственост на Meta, која претходно ја воведе можноста за шифрирање резервни копии за разговор од крај до крај, ја прекинува својата бесплатна услуга за складирање на Google Drive. Тоа значи дека оние што сакаат да ги зачуваат своите разменети пораки, слики и видеа наскоро ќе почнат да ги користат 15-те GB што Google им ги дава бесплатно. Со други зборови, ќе треба да внимаваат да не го пополнат тој слободен простор, бидејќи, меѓу другото, ќе ја изгубат можноста за правење резервни копии.

„Во наредните месеци, ако изберете да направите бекап на вашите WhatsApp разговори од вашиот уред со Android, вашиот бекап ќе потроши ограничен простор на вашата сметка на Google“, се вели на страницата за поддршка на WhatsApp.

Оваа промена е активна од декември 2023 година само за корисниците на бета верзијата на апликацијата WhatsApp. Другите корисници ќе бидат известени кога промената ќе стапи на сила, што се очекува да се случи во првата половина на оваа 2024 година.

Како да спречите WhatsApp да троши слободен простор на Google Drive?

Ако просторот на Google Drive е полн, тоа има големо влијание не само на правењето резервни копии од разговорите на WhatsApp, туку и на функционирањето на сметката на Google. Корисниците кои потрошиле 15 GB слободен простор не можат да направат бекап на нивните слики и видеа на Google Photos, ниту пак можат да примаат нови е-пораки што пристигнуваат на нивната адреса на Gmail. Затоа е важно да се спречи WhatsApp да троши од слободниот простор на Google Drive.

Еве како можете да го направите тоа:

  • Спречете ја апликацијата да прави бекап на разговорите на Google Drive и пренасочете ја да го прави тоа локално;
  • Избришете ги непотребните датотеки, слики и видеа од Google Photos и услугите на Google Drive;
  • Платете претплата на Google One за повеќе слободен простор - од 100 GB до 2 TB.
Remote video URL
Тагови
реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Софтвер

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Read more

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Read more

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Read more

WhatsApp добива AI chatbot

Read more
 

Гик

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе

Женските бебиња имаат покомплексна мозочна активност од машките

Читај повеќе

Првата персонализирана mRNA вакцина против рак на кожа се тестира во Британија

Читај повеќе
  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе