ФИБА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КИНА 2019

За американскиот селектор Австралија, а не Србија е најголемиот ривал за титулата

Грег Попович смета дека ако шампион не стане САД, тогаш големи шанси тоа да го направи има репрезентацијата на Австралија.

Американците моментално се на подготовки токму во Австралија каде Попович им напомена дека нивната репрезентација ја смета за најголем ривал и тоа не затоа што тој е таму и зборува со нив.

„Австралија за нас е огромна, огромна закана. Тие се тим кој може да стане шампион, без сомневање. Не го велам ова бидејќи јас сум тука. Тоа едноставно е факт... Тие се добри веќе неколку години и сега се гладни за успех. Имаат талент, цврстина и физичка спремност да одат до крај. Без сомневање сметам дека тие се едни од најсериозните кандидати за титулата“, изјави Попович за Associated Press.

„Кенгурите“ имаа проблеми составувајќи го тимот откако Бен Сајмонс од Филаделфија 76ерс отпадна поради повреда, но сепак имаат и тоа како конкурентен состав. Австралијците се во незгодна група со Канада, Литванија и Сенегал.

Составот на квалитетната Австралија:

бекови:
Метју Делаведова - Кливленд Кавалирс, САД
Камерон Глајдон - Бризбејн Булетс, Австралија
Крис Гулдинг - Мелбурн Јунајтед, Австралија
Пати Милс - Сан Антонио Спарс, САД
Нејтан Соби  - Бризбејн Булетс, Австралија

крила:
Дејвид Барлоу - Мелбурн Јунајтед, Австралија
Мич Крик - Саут Ист Мелбурн Феникс, Австралија
Џо Инглс - Јута Џез, САД
Ник Кеј - Перт Вајлдкетс, Австралија

центри:
Арон Бејнс - Феникс Санс, САД
Ендрју Богут - Сидни Кингс, Австралија
Џок Лендејл - Жалгирис, Литванија

реклама

Развод, отказ, преселба – кого ќе погоди помрачувањето на полната Месечина во Вага?

Read more

Зошто да ставите ориз во бањата?

Read more

Тимоти Шаламе собори рекорд што Џон Траволта го држеше 45 години

Read more

Давид Гета доби син со девојката Џесика Ледон

Read more

Кошарка

Дончиќ го надигра Јокиќ, чудесен кош на Ирвинг за победа во последната секунда

Read more

Јокиќ му одржа лекција по кошарка на Вембањама

Read more

Муцунски: Остро го осудувам вчерашниот инцидент, во спортот нема простор за насилство и агресија

Read more

Портер ја заврши кариерата на 31 година: Телото не ми дозволува да играм

Read more
 

Спорт

Нови казни во Англија: Одземени му се бодови на освојувачот на две ЛШ

Читај повеќе

Деспотовски: Време е да се вратиме на победничките патеки

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ го надигра Јокиќ, чудесен кош на Ирвинг за победа во последната секунда

Читај повеќе
  • play_arrow

Алкарас го освои Индијан Велс и се доближи до Ѓоковиќ на врвот на АТП

Читај повеќе

Бразилците ја открија тајната на Јунајтед во пресрет на денешното дерби со Ливерпул

Читај повеќе
  • play_arrow

Најлошо менаџираната фудбалска репрезентација во светот

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ му одржа лекција по кошарка на Вембањама

Читај повеќе

Жрепка Конференција: Грчко-турска фудбалска војна

Читај повеќе

Жрепка Лига Европа: Калчо дерби Милан против Рома

Читај повеќе