Здравје

За што сè е добро да јадете јаболка?

20. октомври 2019 - 11:29 | М.С.

Знаеме дека јаболката се здрави, но зошто се корисни за нашиот организам?

Едно јаболко содржи 50 калории, 4 гр. растителни влакна и 14 проценти витамин Ц.

Јаболката содржат 6 проценти калиум и се одличен извор на флавоноид кој има противвоспалително дејство.

Ги неутрализираат слободните радикали и не дозволуваат да нанесат штета на ќелиите. Две третини од антиоксидантите се наоѓаат во кората, па подобро е да ги јадете нелупени.

Богати се со пектин кој помага во процесот на варење. Го поттикнуваат создавањето на корисни бактерии во системот за варење и нè штитат од гојазност.

Го намалуваат и апсорбирањето на холестерол и нè штитат од кардиваскуларни заболувања.

Ниската калорична вредност и високите состојки на растителни влакна нè одржуваат сити. Одлични се за ужина!

Коментирај