Жените поретко се жртви на една лоша навика што скапо ги чини возачите

Нашите навики поврзани со начинот на кој го возиме и одржуваме автомобилот може да му го продолжат животниот век на возилото, но и да му го скратат.

Порано ламбичките што трепкаа на инструмент-таблата можеби не им беа аларм за будење на возачите, но денеска секој добар возач треба да знае дека тие светла трепкаат со причина.

Ако сте од оние кои реагираат на ламбичката check engine со одмавнување на раката и (уште едно) одложување на посетата на сервис, немојте да бидете изненадени од негативниот исход.

Истражување објавено на веб-страницата Review.com покажа дека само 36,1% од сопствениците реагираат на светнувањето на ламбичката со одење до сервис за да го проверат возилото. И не само тоа, една четвртина од испитаниците никогаш не одат на сервис за да ја проверат причината за активирање на сигналното светло, а процентот на оние кои чекаат до една година пред да одат на сервис е незначително повисок. Имено, во првата година од светнувањето на ламбичката, само 29,6% од нив отишле на сервис.

Ако ви е за утеха, истражувањето се однесува на САД и опфаќа релативно мал број испитаници – 1.239.

„Не сакам да знам што не е во ред. Тоа е веројатно дефект што не можам да си дозволам да го поправам во моментот“, е едно од објаснувањата што авторите на студијата го добиле од анонимен учесник. Меѓутоа, ако сакате да заштедите пари, честопати е подобро веднаш да проверите што е со автомобилот. Има сервиси што ќе го поврзат вашиот автомобил за дијагностика бесплатно или со минимален надомест и без обврска за поправка.

Ако сте меѓу оние 9,2% од испитаниците кои чекаат нешто сериозно да се случи со автомобилот пред да го однесат на сервис, нема да ви излезе работата на добро. Во тој случај, поправката ќе биде исклучително скапа.

Кој е посовесен, мажите или жените?

Машката склоност кон техниката овде е меч со две острици. Тие се оние кои двојно почесто одмавнуваат со рака и доаѓаат до заклучок дека уште не е потребно да се оди на сервис.

Жените се далеку посовесни кон нивните автомобили, покажува оваа студија, особено ако се постари од 45 години. Имено, скоро половина од испитаничките постари од 45 години одат на сервис веднаш по активирање на сигналното светло.

реклама

Авто новости

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Read more

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Read more

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Read more

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more
 

Автомобили

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе

Промените во звукот на моторот може да бидат знак за сериозни проблеми

Читај повеќе

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе