Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Поранешниот играч на Реал Мадрид, Оскар Мињамбрес, не можеше да си обезбеди егзистенција пред да му заврши кариерата, па сега мора да најде начини да го прехрани семејството.

Откри дека продава тутун за да преживее и дека не ја сака работата што ја работи, но дека е принуден да го прехранува семејството.

„Морам сам да се грижам за семејството, тоа е најважно. Никогаш не сум бил пушач, не ми се допаѓа работата што ја работам, но тоа е тоа“, рече Мињамбрес и додаде:

„Ова не е исполнување на мојот сон, но фудбалот не е сѐ во животот. Жалам што кариерата ми заврши прерано бидејќи имав чувство дека можев да играм долго време“.

Сега 43-годишниот фудбалер порано беше голема надеж на Реал, кој помина низ младинската академија на „Кралевите“ и играше во ерата на Галактикос со Роналдо, Зинедин Зидан, Луиш Фигу, Дејвид Бекам и Роберто Карлос. Играше како десен бек, но и во средниот ред.

Потпиша петгодишен договор со Реал, но не успеа да оствари направи кариера, иако со кралскиот клуб освои 3 трофеи (Ла Лига, Лига на шампиони и Интерконтиненталниот куп).

За „Лос Бланкос“ забележа вкупно 18 настапи, а беше и репрезентативец на Шпанија до 21 година со 11 настапи. Откако се мачеше со повреди Реал не му понуди продолжување на договорот, па на 8 август 2007 година потпиша за второлигашот Еркулес. Но, веќе наредниот ден го раскина договорот одлучувајќи да се пензионира на 26-годишна возраст сметајќи дека коленото не му е доволно опоравено.

Remote video URL
Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе