Porsche Road Tour: Погледнете како поминавме на авантурата со моќните спортски возила

Кога ќе ти најават дека треба да ги возиш некои од најдобрите спортски автомобили веднаш знаеш дека денот ќе ти биде убав и полн со забава. Овој пат поканата беше за возење на автомобилите од Porsche Road Tour, а нашиот избор беше на 718 Boxster S, Panamera S E-Hybrid и моќниот 911 Turbo S.

За почеток решивме да стартуваме со најинтересниот автомобил од сите – бруталниот 911 Turbo S. Овој атрактивен ѕвер со повеќе од 500 коњски сили уште со стартувањето на моторот ја става насмевката на вашето лице и ви дозволува целосно да уживате во раскошната моќ со која располага.

Звукот на моторот, филингот што го дава воланот кога влегувате во свиоци и силата што ве лепи на седиштето секој пат кога ќе стиснете на педалот за гас, се работи кои би можеле да ги консумираме по цел ден.

Максималната брзина на овој модел е повеќе од 300 километри на час, но малку се патиштата каде што би можело легално да се вози со километражата заглавена на максималната граница. Сепак, она што може да се прави легално и кое ја става насмевката на вашето лице е неверојатно забрзување што го овозможува 3,8 литарскиот 6-цилиндарски турбо агрегат.

Најсилен впечаток остава тоа што нема никакво каснење во забрзувањето и веднаш штом ќе го стиснете гасот, го чувствувате ударот на моќниот звук и на сета сила која буквално го лансира автомобилот од 0 до 100 километри на час за само 3 секунди.

Следна на ред за возење беше хибридната Panamera S од првата генерација, која е сосема поинаков автомобил. За разлика од бруталниот 911 Turbo S во кој се е подредено на ултимативните перформанси, лимузината со четири седишта е направена за уживање, патување и луксуз.

Тоа воопшто не значи дека нема да ве залепи за седиште ако ја згазите силно, но забрзувањето, држењето на патот и управувањето се многу порафинирани. Она што ја прави неверојатна оваа Panamera, е електричниот мотор со кој би можеле да поминувате нормални градски дистанци, без воопшто да го вклучите бензинскиот агрегат.

Интересно е и кога двата мотори функционираат заедно за да ви овозможат уште поголемо забрзување, а овој модел е најава за насоката во која ќе се развиваат идните хибридни и електрични автомобили на германската компанија.

На крајот седнавме зад воланот на новиот кабриолет 718 Boxster S. За разлика од претходната верзија на Boxster, овој модел веќе нема 6-цилиндарски мотор, но тоа воопшто не го прави инфериорен.

За тестот го имавме 2,5 литарскиот мотор со 260 коњски сили кој сега има повеќе коњски сили, подобар максимален вртежен момент и помала потрошувачка.

Спортскиот кабриолет го има се она што сакате од едно Porsche во поглед на перформансите – плус можноста да го чувствувате ветерот во коса. Максималната брзина на овој модел е 277 километри на час, а забрзувањето од 0-100 километри на час е за малку повеќе од 4 секунди.

Последното кругче во Porsche 718  Boxster S со отворен покрив, беше најдобриот начин за да ставиме крај на дружбата со моќните спортски автомобили кој ни овозможија вистинско неколку часовно уживање во врвните перформанси на германскиот бренд.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Возевме

Врвна возачка авантура: Кајгана на Porsche Road Tour 2023

Read more
Кајгана авантура со најмоќните возила на Porsche

Кајгана авантура со најмоќните возила на Porsche

Read more
Porsche Road Tour: Погледнете како поминавме на авантурата со моќните спортски возила

Porsche Road Tour: Погледнете како поминавме на авантурата со моќните спортски возила

Read more
bmw-avannt.jpg

Возевме: Офроуд авантура со моќниот BMW X6M и атрактивниот X4

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе