Lionsgate го објави првиот трејлер и постер за филмот „Black Butterfly“, чија премиера е закажана за 26 мај. Во главните улоги се појавуваат Антонио Бандерас, Пајпер Перабо и Џонатан Рајс Мејерс.
Филмот е адаптација на познатиот француски трилер „Papillon Noir“. Дејството се одвива во планинско гратче каде се случуваат серија грабнувања и убиства. Пол (Антонио Бандерас) е писател кој се бори да напише сценарио кое ќе му ја спаси кариерата. Го запознава младиот Џек (Џонатан Рајс Мејерс) и тој наскоро се вклучува во работата на Пол. Откако по бура ќе снема струја во планинската куќарка двајцата мажи започнуваат борба во која само еден ќе преживее.
Режисер на филмот е Брајан Гудман, додека сценариото е на Марк Фрајдмен и Џастин Стенли.