Берлинале 2019: Наградата Златна мечка за филмот „Synonyms “

Филмот „Synonyms“ на израелскиот режисер Надав Лапид ја доби Златната мечка за најдобар филм на 69. меѓународен филмски фестивал во Берлин.

Со Сребрена мечка во категоријата за најдобра режија е наградена германската глумица и режисерка Ангела Шанелец за филмот „I was at home, but“.

Жирито на чело со актерката Жулиет Бинош ја додели Сребрената мечка за најдобар актер на кинескит актер Ванг Јунгчун за улогата во филмот „So long, my son“, а во категоријата најдобра актерка Сребрената мечка ѝ припадна на кинеската актерка Јонг Меи за улогата во истиот филм.

Наградата Гран при од жирито му е доделена на филмот „By the Grace of God“ на францускиот режисер Франсоа Озон.

Свеченоста за доделување на наградите беше по малку пригушена во нејзиниот сјај – вечерта почна со едноминутно молчење во знак на сеќавање на актерската легенда Бруно Ганц, кој почина завчера, а потоа следеше збогувањето со уметничкиот директор Дитер Кослик кој заминува од позицијата после 18 години.

Претходно во текот на денот беше соопштено дека македонскиот филм „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на Теона Стругар Митевска доби награда од независното жири „Ecumenical” и награда „Guild Film Prize” во рамки на Берлинскиот филмски фестивал.

– Презадоволни сме од досега постигнатиот успех со овие две престижни награди, а задоволството е уште поголемо кога ја гледаме публиката како реагира на приказната за Петрунија во текот на овие фестивалски денови. Независно од исходот на главното доделување на „Златната мечка“, овие две награди, како и овациите, аплаузите и одличните рецензии од врвните филмски критичари, за нас се најголемото признание и сведоштво дека навистина успеавме да направиме филм кој испраќа силна порака, изјави режисерката Стругар-Митевска.

„Ecumenical Award“ е независна филмска награда која од 1973 година им се доделува на филмови на големи меѓународни филмски фестивали , како Кан, Берлин, Локарно, Монтреал и Карлови Вари. Целта на наградата е да се оддаде почит на уметничките дела што сведочат за моќта на филмот во откривањето на мистериозните длабочини на човекот. Наградата „Guild Film Prize”, пак, ја доделува тричлена жири-комисија, чии членови се управители на арт-кина.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Филм & ТВ

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе