Филм & ТВ

Брутално искрен трејлер за „The Lion King“ (2019)

5. ноември 2019 - 20:46 | А.С.

Walt Disney Pictures годинава го претстави фотореалистичкиот римејк на анимираниот класик од 1994 година The Lion King.

Доналд Гловер, Сет Роген, Чиветел Еџиофор, Алфре Вудард и Бијонсе беа меѓу познатите имиња кои ги позајмија гласовите за римејкот што беше направен со буџет од 260 милиони долари, што го вбројува меѓу најскапите филмови на сите времиња.

Филмот заработи 1,6 милијарди долари на киноблагајните ширум светот, надминувајќи го „Frozen“ на врвот на листата анимирани филмови со најголема заработка.

Филмот, а и саундтракот, добија измешани критики, а сега и брутално искрен трејлер од Screen Junkies.

Коментирај