Есенска крем супа од јаболка и тиква

Вкусна комбинација идеална за есенските и зимските денови.

Потребни состојки:

  • 500 г тиква
  • 2 помали јаболка
  • 1 црвен кромид
  • 2 чешни лук
  • 2 лажици маслиново масло
  • половина лажица сув зачин
  • сол, бибер
  • мелено мускатно оревче
  • 2 лажици препечени семки од тиква
  • 1 лажица ситно сечкан магдонос

Начин на подготовка:

Исечете ја тиквата на половина, извадете ги семките и ставете ги на плех обложен со хартија за печење. Покрај неа ставете ги јаболката исечени на половина, исечениот кромид и чешни лук.

Сипете маслиново масло, прекријте со фолија и ставете да се пече во загреана рерна на 200 степени.

Печете околу 40 минути, односно додека месото на тиквата не омекне. Потоа со лажица извадете го од кората, па изгмечете заедно со јаболката, лукот и кромидот додека не добиете пире.

Ставете го во тенџере, додадете вода за да ја добиете саканата густина, сув зачин, сол, бибер и мускантно оревче.

Нека зоврие, па варете уште неколку минути. Чорбата послужете ја додека е топла, со печени семки од тиква и сечкан магдонос.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Ковачевски му честита на Мицкоски: Резултатот е разочарувачки, на СДСМ му е зададен тежок удар

Read more

Рецепти

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

30-минутни интензивни вежби за совршени нозе

Читај повеќе

Како длабоко да ја исчистите фритезата на топол воздух во само 3 чекори?

Читај повеќе

Почна сезоната на јагоди: 9 причини зошто треба да ги јадете

Читај повеќе

Што се случува со нашето тело ако јадеме јајца секој ден?

Читај повеќе
  • play_arrow

Од жица и камења сами направете убави саксии

Читај повеќе

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Читај повеќе

Токсичната позитивност е ризик за менталното здравје

Читај повеќе
  • play_arrow

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Читај повеќе

Како да ги ублажите последиците од празничното прејадување?

Читај повеќе