Филмови што треба да ги погледнете во февруари

Како и за секој месец, и за февруари ви подготвивме листа на филмски премиери што треба да ги погледнете месецов. Февруари ни носи нови, интересни и забавни филмови, што не смеете да ги пропуштите. Подолу прочитајте ја нашата листа со филмски предлози, придружени од трејлер, краток опис и датум на македонска премиера на филмот. 

Room (04 февруари)

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=PPZqF_TPTGs]

Драмата „Room“ има 4 номинации за Оскар, а актерката Бри Ларсон веќе ги собра сите награди досега во категоријата за најдобра женска улога. „Room“ е приказна на 5-годишниот Џек и неговата мајка позната како Ма. Како и секоја мајка, таа го сака, чува и учи синот, си игра игри со него и му раскажува приказни. Но нивниот живот, е сè само типичен не - живеат затворени во просторија без можност да излезат надвор. Како што расте љубопитноста на детето за надворешниот свет, мајката ќе проба да направи сè да избегаат од заложништвото и да се соочат со она што ги очекува надвор.

Hail, Caesar! (05 февруари*)

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=kMqeoW3XRa0]

Познатото режисерско дуо, браќата Итан и Џоел Коен, со нова комедија, во која улогите ги толкуваат куп холивудски ѕвезди како Џорџ Клуни, Скарлет Јохансон, Ченинг Татум, Ралф Фајнс, Џона Хил, Френцис Мекдорманд, Џош Бролин, Долф Лунгрен, Тилда Свинтон, Кристофер Ламберт и други. „Hail, Ceaser“! е комедија драма, сместена во 50-тите години на минатиот век за време на Златната ера на Холивуд. Во центарот на приказната е снимање на филм, каде одговорните од студиото пробуваат да се справат со актерската екипа, кога нештата ќе отидат наопаку. Како што најавуваат трејлерите, тука се елементите карактеристични за филм на Коен, како киднапирање, сиров хумор и убиства, засилени со одлична актерска епипа.

Deadpool (11 февруари)

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=FyKWUTwSYAs&oref=https%3A%2F%2Fwww.youtube.com%2Fwatch%3Fv%3DFyKWUTwSYAs&has_verified=1]

Херојот Дедпул е еден од неконвенционалните ликови на Marvel, познат по константното зборување, шегите и „кршење на четвртиот ѕид“, како што се нарекува актот на обраќање на публиката во фикцијата. Филмот ќе ја раскаже приказната за Вејд Вилсон (Рајан Рејнолдс) кој по подложувањето на експерименти ги губи моќите и го присвојува алтер егото Дедпул.

How to Be Single (11 февруари)

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=RrDI4-BSovs]

Дакота Џонсон, Алисон Бри, Лесли Мен и Ребел Вилсон се четири сингл девојки што живеат во Њујорк. Филмот ќе ја следи Робин (Ребел Вилсон) која ќе и помага на нејзината штотоку сингл пријателка Алис (Дакота Џонсон) да се врати во „играта“ и да го живее животот до максимум. „How to Be Single“ го режираше Кристијан Дитер, а сценариото го напишаа Дејна Фокс (What Happens in Vegas, Couples Retreat) и Аби Кон (Valentine's Day, He's Just Not That Into You, The Vow).

13 Hours: The Secret Soldiers of Benghazi (18 февруари)

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=m836G7FpXY0]

Филмот е базиран на книгата „Thirteen Hours: A Firsthand Account of What Really Happened in Benghazi” од Мајкл Зукоф. Дејството се одвива околу шест члена на тим за обезбедување кој се бори за безбедноста на американски дипломати во Бенгази од напад на исламистички милитанти. Улогите во овој американски патриотски филм ги толкуваат Џон Красински, Џејмс Беџ, Пабло Шрајбер, Дејвид Денман, Макс Мартини и Доминик Фумуса.

The Brothers Grimsby (25 февруари*)

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=nnOJ3wD3gxQ]

Саша Барон Коен и Марк Стонг се главните улоги во новата акциона комедија „The Brothers Grimsby“. Врвниот шпион (Марк Стронг) ќе биде принуден да работи на задача со својот брат фудбалски хулиган (Саша Барон Коен).Покрај Саша Барон Коен и Марк Стронг, во филмот ќе глумат и Исла Фишер, Пенелоп Круз, Анабел Валис и други.

Gods of Egypt (25 февруари)

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=tuVg_6UaQsU]

Главните улоги во филмот ги толкуваат Џерард Батлер, Брентон Твејтс, Николај Костер Валдо. .Во центарот на дејството е митот за Озирис, односно за боговите Сет и Хор. Сет (Џерард Батлер) е оној што го измамува и убива брата си Озирис и е непријател на Хор (Николај Костер Валдо). Во митологијата тој му го извадил левото око на Хор, додека Хор му отсекол нога.

Zoolander 2 (25 февруари)

[jw: https://www.youtube.com/watch?v=6XBDE7aijIs]

Дејството на „Zoolander 2“ е сместено десет години по настаните во првиот филм, кога Дерек и Хансел сакаат повторно да бидат дел од манекенството, додека конкурентска компанија пробува да ги отстрани од сцената.Во „Zoolander 2“ се враќаат Бен Стилер, Овен Вилсон, Вил Фарел и Кристин Тејлор, а на нив ќе им се придружат Пенелопе Круз, Бенедикт Камбербач, Кристен Виг, Џастин Бибер, Били Зејн, Оливија Мун, Канје Вест и други познати имиња.


*Датумот на македонската премиера сè уште не е познат, наведен е оној на американската

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Филм & ТВ

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more
 

Сцена

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе