Universal Pictures го објави првиот трејлер за филмот „The Great Wall“, со Мет Дејмон во главната улога. Премиерата е закажана за 17 февруари 2017 година.
Дејството се случува пред 1.000 години, откривајќи ја вистинската причина за изградбата на една од најпознатите градби во светот, Големиот кинески ѕид. Верувале или не, изгледа дека причината за градење на ѕидот била заштита од опасни чудовишта, а Мет Дејмон е воин кој се бори со нив.
Режисер на филмот е Занг Јимоу, а сценаристи се Тони Гилрој, Карло Бернард и Даг Миро. Во останатите улоги се појавуваат Јинг Тиан, Педро Паскал, Вилем Дефо и други.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=6SKI9rgqFck]