Како 7-годишно девојче од Алепо на Twitter стана сириската Ана Франк?

Се сеќавате ли на седумгодишното девојче од Алепо, Сирија кое доби неверојатен подарок од писателката Џ.К. Роулинг? Девојчето досега многупати успеа да го привлече вниманието на Twitter, објавувајќи ги ужасите што се случуваат во нејзината земја.

Twitter профилот на Бана стана гласот на многуте цивили заробени во источниот дел на Алепо, кој е под контрола на бунтовниците и под напади на сириската војска. И додека некои сочувствуваат со девојчето и останатите цивили, многумина се скептични за автентичноста на профилот.

Тоа што треба да се знае за Бана е дека има многу голема помош од мајка ѝ, која е професорка по англиски јазик. Новинарката Кетлин Гибсон од Washington Post ја нарече Бана сириската Ана Франк. Минаа повеќе од 70 години кога Ана Франк водела хронолошки дневник за животот на нејзиното семејство, додека се криеле од нацистите. Денес, приказната за Сирија ја дознаваме преку очите на 7-годишно девојче.

Но, шпекулациите за малечката Бана беа премногу раширени на интернет, а британската интернет страница Bellingcat, специјализирана за истражувачко новинарство, го провери профилот на Бана. Ник Волтерс и Тим Ален вчера ги објавија резултатите за автентичноста на профилот и велат дека видеата објавени на Twitter ја покажуваат околината на источниот дел на Алепо, дека објавите на профилот ги пишува мајката, која е професорка по англиски јази, а нивната куќа има соларни панели со чија помош ги полнат телефоните. Преку сателит тие успеале да најдат фотографии што докажуваат дека навистина куќата на Бана била бомбардирана на 27 ноември.

„Најверојатно е дека профилот @AlabedBana го води Фатима, мајката на Бана, која раскажува за својата ќерка и нејзиниот живот во Алепо“, заклучуваат истражувачите.

Профилот на Бана го следат над 303.000 луѓе и е верификуван, што значи дека Twitter претходно утврдил дека сопствениот на профилот е автентичен.

 

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Живот

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Read more

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Read more

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Read more
 

Магазин

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Читај повеќе

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе