Лошиот утрински здив може да биде знак за рак убиец

Кога се будиме наутро, речиси е невозможно да имаме совршен, свеж здив. Лошиот утрински здив е чест проблем кој погодува многумина.

Освен лошата орална хигиена, најчеста причина за проблемот е сувата уста во текот на ноќта. Исто така, виновникот може да биде и јадењето зачинета храна пред спиење. Меѓутоа, во ретки случаи, лошиот здив или халитозата се помалку познат знак за еден вид рак убиец.

Според Националната здравствена служба на Велика Британија, лошиот здив е симптом на рак на грлото. Оваа состојба е почеста кај луѓето постари од 60 години, а почеста е кај мажите отколку кај жените.

Лошиот здив е на листата на потенцијални симптоми на рак на грлото. Според Универзитетот во Калифорнија во Сан Франциско, овој знак е поверојатно да се појави во подоцнежните фази.

„Како што расте туморот може да предизвика болка, губење на тежината, лош здив и проблеми со голтањето“, наведуваат лекарите.

Главниот симптом на рак на гркланот е засипнатост што трае повеќе од три недели, а други симптоми вклучуваат отежнато голтање или болка при голтање, грутка или оток во вратот, продолжена кашлица, отежнато дишење, постојана болка во грлото или увото, висок тон при дишење, тешкотии при дишење, екстремен замор и ненамерно губење на тежината.

Не е точно познато што предизвикува рак на гркланот, но познато е дека пушењето, редовното консумирање големи количини на алкохол, семејната историја на рак на ларингеален пат, нездравата исхрана со малку овошје и зеленчук и изложеноста на одредени хемикалии и супстанции како што се азбестот и јагленовата прашина може да го зголемат ризикот.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Здравје

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Read more
 

Магазин

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Читај повеќе

Корисни утрински навики што родителите треба да ги воведат во рутината на децата

Читај повеќе

Пет клучни знаци на аутизам кај децата, според терапевт

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Читај повеќе
  • play_arrow

Како да се ослободите од салото на грбот до лето?

Читај повеќе

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Читај повеќе

Бакингемската палата со соопштение за состојбата на кралот Чарлс

Читај повеќе

Нутриционистите споделија листа со најздравите зеленчуци

Читај повеќе