Режисерот Дејвид Јејтс и главната ѕвезда во филмот, Еди Редмејн, го претставија новиот трејлер за „Fantastic Beasts and Where to Find Them“ на овогодинешниот Comic Con.
Спинофот на „Harry Potter“ филмовите, напишан исто така од Џ.К. Роулинг, го следи волшебникот Њут Скамандер, кој допатува во Њујорк во 20-тите со куфер полн магија и опасни суштества, за конгресот на магија во САД.
Кога случајно суштествата ќе избегаат и ќе го опседнат градот, Њут со помош на двајца волшебници и еден номаџ (термин од авторката, за луѓе без моќи) ќе треба да ги пронајде и да ја спречи потенцијалната катастрофа.
Премиерата на филмот е закажана за на 18 ноември, а дотогаш погледнете го магичниот трејлер:
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=YdgQj7xcDJo]