Мајката на исчезнатата Данка: Само да се врати жива и здрава, потоа ќе одговориме на сè

Потрагата по двегодишната Данка Илиќ, кое исчезна пред точно седум дена во Бањско поле во Бор, Србија, уште трае.

Полицијата постојано ја чешла секоја педа од местото каде што последен пат било видено девојчето, а еден сегмент од истрагата е фокусиран на видеото снимено од српски државјанин во Виена, на кое се гледа девојче кое наликува на исчезнатата Данка. Австриската полиција рече дека „многу е веројатно“ дека девојчето на снимката е Данка и објави фотографии од жените кои се во видеото.

Ивана Илиќ, мајката на исчезнатото девојче, првпат по исчезнувањето на Данка даде изјава за порталот Nova.rs. Ивана наведува дека таа и нејзиниот сопруг се заедно, дека секојдневно се борат нивното дете што побрзо да се врати дома, но и дека за неа со денови се објавуваат „бројни небулози“.

„Се држиме колку што можеме, само за да се најде Данка што поскоро, чекаме да заврши сето ова, се надеваме на најдобро, а потоа јас и мојот сопруг јавно ќе се огласиме и ќе одговориме сите навреди, прозивки, небулози. Затоа не се огласуваме. Ме болат сите овие шпекулации, обвинувања до мене и мојот сопруг“, вели Ивана.

„Телефонот ми беше на вештачење, само тоа ќе кажам. Да беше така, немаше да бидам мајка која си го бара детето, статусот ќе ми беше друг. Само Данка да се врати жива и здрава. а потоа ќе зборуваме за сè “, вели Ивана за Nova.rs.

На прашањето дали го гледала видеото од Виена, таа вели дека го гледала.

„Го гледав видеото, но поради текот на истрагата не смеам да коментирам. Секоја чест за полицијата, луѓето не спијат, бараат деноноќно. Се надевам дека што е можно побрзо ќе си го гушнам детето“, вели мајката на исчезнатата Данка.

„Се надевам дека Данка е добро, не сакам ни да размислувам за друга опција“, заклучува Ивана.

реклама

Регион

Обвинителството бара продолжување на притворот на осомничените за убиството на двегодишната Данка

Read more

Црна Гора воведува седумчасовно работно време до крајот на годината

Read more

Силен земјотрес ја погоди Грција

Read more

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more
 

Вести

Мицкоски до Османи: Слоганот не е шовинистички туку означува дека ќе ја вратиме Македонија на народот, кој вие од власта го крадете

Читај повеќе

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Читај повеќе

31-годишна скопјанка нападната во спортска обложувалница во Центар

Читај повеќе

Скопјанец пукал со воздушна пушка и ја погодил мачката на соседот, полицијата му го одзеде оружјето

Читај повеќе

Дозволена екстрадицијата на Љупчо Палевски

Читај повеќе

ДУИ: Вокабуларот како оној на Мицкоски е агенда на Москва и Путин

Читај повеќе
  • filter

ЕВН и Макпетрол ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Читај повеќе

Ќе ги разгледаме ставовите на маса – Меџити и Мицкоски сѐ уште не разговарале за уставните измени

Читај повеќе

Ја ограничија цената на руската нафта – не функционира!

Читај повеќе