ЛЕТНИ ОЛИМПИСКИ ИГРИ ПАРИЗ 2024

Медведев се согласи да игра под неутрално знаме на Олимпиjадата во Париз

Рускиот тенисер Даниил Сергејевич Медведев денеска изјави дека е подготвен да игра под неутрално знаме на Олимписките игри во Париз, пренесува американската мрежа ESPN.

Вчера Меѓународната тениска федерација (ИТФ) им дозволи на играчите од Русија и Белорусија да учествуваат на Олимписките игри во Париз во неутрален статус. Медведев истакна дека со нетрпение ги очекува Олимписките игри во Париз, бидејќи пред три години стигна до четвртфиналето на Игрите во Токио.

„Ако можам, ќе бидам во Париз. Ќе играм и сингл и двојки. Имам неверојатно искуство од Игрите во Токио. Тоа е веројатно најдобриот спомен во мојата кариера. Ме изненади, бидејќи за тенисерите Гранд Слем турнирите се многу поважни. Што се однесува до играњето под неутрално знаме, ќе ги почитувам правилата. Ако треба да играм под неутрално знаме, ќе играм. Ќе се обидам да победам, тоа е сигурно“, рече Медведев на прес-конференција во Индијан Велс.

URL

ИТФ вчера соопшти дека изборот за ОИ во Париз ќе се одвива според рејтингот кој ќе биде објавен во јуни по завршувањето на Ролан Гарос. Секоја земја може да има најмногу 4 играчи во сингл. Тенисерите од Русија и Белорусија мора да бидат избрани под општи услови и да ги исполнуваат „условите на неутралност“.

реклама

Тенис

Ѓоковиќ го откажа Мастерсот во Мадрид, па дојде на Ел Класико да го бодри Реал

Read more

Надал елиминиран од Де Минор

Read more

Алкарас нема да ја брани титулата во Барселона

Read more

Ѓоковиќ одби да одговори на новинарско прашање, тајната на успехот ја чува 15 години

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе