Македонската тениска репрезентација наредната година ќе се натпреварува во најслабата четврта група откако не успеа да избори опстанок во третата група.
На Дејвис купот во Атина кој заврши синоќа македонските тенисери имаа разочарувачки настап.
Откако претрпеа три порази во групата Б од Естонија, Латвија и Црна Гора, сите со убедливи 3:0, потоа загубија со 2:1 од Монако во натпреварот за опстанот во третата група.
Димитар Грабул загуби од Лукас Катарина со 2:0, Горазд Србљак израмни на 1:1 откако со 2:1 го совлада Иго Нис, а потоа Грабул и Србљак во натпреварот во двојки загубија убедливо од Ромен Арнеодо и Бенжамен Балер со 6-1 и 6-2.
Македонија заврши на последното осмо место и наредната година ќе се натпреварува во понизок ранг, односно во четвртата европска група каде учествуваат убедливо најслабите европски репрезентации како Сан Марино, Андора, Косово, Албанија, Ерменија, Лихтенштајн, Исланд и Малта.