Најконтроверзниот реквизит од филмот Titanic продаден на аукција за неверојатна цена

Дрвениот панел на кој Роуз (Кејт Винслет) пловеше и успеа да преживее во филмот Titanic е продаден за 718.750 долари, јавува BBC.

Уште од прикажувањето на филмот во кината во 1997 година, обожавателите се прашуваат дали ова парче дрво не беше доволно за да го спаси и Џек (Леонардо ди Каприо) наместо тој трагично да заврши во ледената студена вода по потонувањето на легендарниот брод Титаник.

Аукцијата на реквизити во организација на Heritage Auctions се одржа во одморалиштето Planet Hollywood, а на аукцијата беа продадени и костими користени за време на снимањето на филмот.

Станува збор за реквизит кој претставувал дел од врата, а кој, според приказната на филмот, бил доволен Роуз да исплива на него и на тој начин да ја избегне смртта во ледениот Атлантски Океан.

Во една епизода од „Mythbusters“ од 2012 година, режисерот на Titanic, Џејмс Камерон, откри дека добил бројни пораки во кои многумина ја обвинуваат Роуз дека е себична и го нарекуваат Џек „идиот“.

Но, Камерон ја заврши дебатата велејќи дека според сценариото Џек „морал да умре“.

„Можеби згрешивме, реквизитот требаше да биде малку помал“, изјави тогаш познатиот режисер.

Реквизитот е долг околу 2,4 метри и широк 1 метар.

Remote video URL

Меѓу другите реквизити продадени на аукцијата беше и камшикот од филмот Indiana Jones and the Temple of Doom кој достигна цена од 535.000 долари.

За костимот на Спајдермен кој го носеше Тоби Мегваер, клиент издвоил 125.000 долари.

Вкупниот приход од аукцијата беше 15,68 милиони долари.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Филм & ТВ

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more
 

Сцена

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе