Музика

Пинк стана мајка по вторпат

29. декември 2016 - 16:38 | Б.С.Б.

Американската пејачка Пинк стана мајка по вторпат. По раѓањето на ќеркичката во 2011 година, Пинк и нејзиниот сопруг Кери Харт добија син.

Малечкиот доби интересно име, ќе се вика Џејмсон Мун Харт. Пинк на Instagram постојано објавуваше фотографии од себе и малечката, а во ноември 37-годишната пејачка објави дека го очекува и своето второ дете во семејството.

Таа објави фотографија од новороденчето на Instagram, со која ги воодушеви обожавателите.

 

Surprise!

A photo posted by P!NK (@pink) on

 

Jameson Moon Hart 12.26.16

A photo posted by P!NK (@pink) on

Коментирај