Oбјавен е првиот трејлер за долгоочекуваниот трет филм во франшизата за истоимениот лик, Бриџит Џонс, што овој пат го соочува ликот на Рене Зелвегер со мајчински маки.
Во најновиот дел, приказната ќе се фокусира на Бриџет во 40-тите години од нејзиниот живот и предизвиците со кои што ќе се соочи, како и прашањето за потомство - што сугерира и насловот на филмот.
Како што гледаме во трејлерот Бриџет веќе не е во брак со Марк Дарси (глумен од Колин Фирт), а најзиниот нов љубовен интерес е Патрик Демпси (Grey's Anatomy).
Таа ќе остане трудна, но еднo прашање ќе ја мачи: Кој е таткото на бебето?
Премиерата на „Bridget Jones's Baby“ е закажана за на 16 септември годинава.
Погледнете го трејлерот: