Снимањето на продолжението на култниот „Trainspotting“ е во тек, а сега е објавено првото тизер видео во кое ги гледаме оригинални актери од филмскиот хит на Дени Бојл во карактеристична сцена.
Во видеото, ги гледаме четворицата момци како стојат крај пруга - една од нивните култни пози од филмот, 20 години подоцна. Во „Trainspotting 2“ се враќа режисерот Дени Бојл и сценаристот Џон Хоџ, а со нив и оригиналната актерска екипа составена од Ијан Мекгрегор, Џони Ли Милер, Евен Бремнер и Роберт Карлајл.
Според претходните информации, најверојатно новиот филм ќе биде екранизација на втората новела на авторот на Trainspotting, од 2002-та година, наречена „Porno“.
Според Wikipedia, новелата „Porno“ ја раскажува приказната за ликовите десет години по „Trainspotting“, каде сега се фокусирани на бизнисот на порнографијата, а не со хероин.
Погледнете го видеото: