ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Торино потврди: Интер и Јуве бијат битка за дефанзивецот Бремер

Во тек е нова трансфер битка помеѓу двата најлути калчо гиганти - овој пат за Бразилецот Бремер кој одигра фантастична сезона за Торино.

Бремер во дуел со Душан Влаховиќ од Јуве

Давиде Вањати, кој е директор во Торино, за Sky Sport Italia потврди дека Интер и Јувентус се наддаваат како би стигнале до услугите на централниот дефанзивец.

„Имавме вечера, сѐ добро помина со Интер, остваривме добар разговор. Ќе видиме, никаде не брзаме, трансфер пазарот трае долго и ќе видиме што ќе се случи. Разговараме со двата, Интер и Јувентус“. Италијанските медиуми пренесуваат дека во име на миланскиот клуб преговарал познатиот Бепе Марота.

Интер веќе со месеци се споменува како сериозен кандидат за потписот на 25-годипниот Глеисон Бремер Силва Насименту кој во Торино е од летото 2018 година кога за 5,8 милиони евра пристигна од бразилски Атлетику-МГ. Неговата вредност сега се проценува на 35 милиони евра, според реномираниот Transfermarkt.

Јуве во трката се вклучи веднаш откако го договори трансферот на Матајс де Лихт во Баерн за 80 милиони евра. Високата сума која ја добија за Холанѓанецот ги стави во пол-позиција бидејќи можат на Торино да му понудат сума повисока од оние 35 милиони плус додатни 5 милиони во бонуси колку што понудија „Нераѕурите“, кои во трансферот го вклучија и младиот играч од средниот ред Чезаре Казадеи.

Иако понудата на Јуве е поголема, италијанските медиуми инсистираат дека не треба да се отпишува Интер од една проста причина - Торино претпочита својот бисер да не го продаде по секоја цена во својот најлут градски ривал.

Од своето доаѓање во Серија А Бремер има одиграно 98 натпревари на кој постигна 11 гола и запиша 3 асистенции. Минатата сезона одигра 33 натпревари од кои на третина (10) беше капитен во отсуство на Андреа Белоти кој често беше повреден.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Спорт

Торино потврди: Интер и Јуве бијат битка за дефанзивецот Бремер

Read more

Дали е ова најбруталниот старт на сезоната?

Read more

Десет суперѕвезди на кои забрзано им се губи сјајот

Read more

Јапонските власти ги демантираа информациите за откажување на Олимписките игри

Read more
 

Ново

YouTube тестира нов формат на реклами

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе
  • play_arrow

Леброн ги спаси Лејкерс и го „поништи“ трипл-даблот на Јокиќ

Читај повеќе

Што треба да јадете за да имате подобар секс?

Читај повеќе
  • play_arrow

Меси повторно растура!

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе

Остануваат уште 9 дена изборна кампања: Партиските агенди и денеска набиени

Читај повеќе