Тренер за нов почеток: Френк Вогел на клупата на Лејкерс од следната сезона

По неуспешните преговори со поранешниот шампион Тајрон Лу и асистентот на Филаделфија, Монти Вилијамс, раководството на Лејкерс се најде под голем притисок од јавноста. Во една вечер, сосем неочекувано, тие назначија нов тренер и нов асистент, кои ќе го предводат тимот во новата сезона.

Леброн Џејмс и дружината во Лос Анџелес конечно можат да здивнат, бидејќи од денеска веќе знаат кој ќе биде тренер на тимот во следната сезона. Се работи за Френк Вогел, тренер кој имаше исклучително успешни сезони со Индијана Пејсерс, а последниот ангажман му беше во Орландо Меџик.

Покрај главен тренер, тимот на Лејкерс синоќа доби и асистент. Џејсон Кид, кој претходно работеше како главен тренер во Бруклин Нетс и Милвоки Бакс, се согласи да биде асистент на Вогел во следната сезона. Кид е еден од најдобрите играчи на својата позиција во историјата на лигата, а неговиот ангажман е тесно поврзан со развивањето на Лонзо Бол – една од најсјајните ѕвезди во Лос Анџелес.

Откако Леброн Џејмс пристигна во Лос Анџелес, тимот го предводеше Лук Волтон, но раководството одлучи дека тој не заврши доволно добра работа и реши да го отпушти по крајот на оваа сезона.

Пред тимот на Лејкерс е бурно лето, во кое ќе се обидат да привлечат некоја од суперѕвездите чии договори истекуваат по сезонава. Но, тие мора да реагираат брзо и да го искористат овој прозорец од 2-3 години, во кои Леброн Џејмс се обврза за соработка со тимот. Титулата во моментов изгледа далеку, но најмување на нов тренер е еден чекор напред во вистинската насока.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе