Можеби најстрашниот политички-трилер од вистинскиот живот, што во последно време се има случено во САД, е основата на долгоочекуваниот филм на режисерот Оливер Стоун, за кој го имаме првиот трејлер.
Како што може да видиме во трејлерот, филмот ќе ја раскаже приказната за животот на Сноуден од кога започнал да и служи на својата држава, до моментот кога решава да ја предаде таа служба.
Џозеф Гордон-Левит ја има титуларната улога во филмот, а самиот Едвард Сноуден го сподели трејлерот за филмот, со коментар дека истиот ги натерал сите во NSA да престанат со работа двеипол минути, за да го погледнат.
Погледнете го возбудливиот трејлер:
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=QlSAiI3xMh4]