22 април 1500, Португалците го откриле Бразил
На денешен ден, 22 април, во 1500 година, Португалската поморска флота предводена од капетанот Педру Алвареш Кабрал дошла до бреговите на денешен Бразил чии територии ги присвоила во името на Португалската Империја.
Морепловците го испитале копното и наишле на домородно население, поточно на неколку племиња кои биле завојувани помеѓу себе, а зборувале на јазици кои припаѓаат на Тупи-Гуарани групата.
Дури 32 години подоцна Португалците ја изградиле првата населба во Бразил, а колонизацијата почнала во 1534 година кога кралот Жуау III ја поделил земјата на 15 провинции.
На 7 септември 1822 година Бразил прогласил независност од Португалија, а бил признат три години подоцна. Денес има над 203 милиони жители, гладен град е Бразилија, а најголеми се Саун Пауло и Рио де Жанеиро. Само 0,6% од населението денес се домородци.