Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Една од најновите иновации на вештачката интелигенција (ВИ) наменета за уметниците е уред наречен Poetry Camera (Поетска камера), која ги претвора фотографиите во песни.

Навистина им нема крај на иновациите што се појавуваат во светот на технологијата за вештачка интелигенција. Покрај пишувањето дневни е-пораки и извршувањето на други задачи, вештачката интелигенција сега може да прави фотографиите „да зборуваат и пеат“, да ги предвидува идните човечки постапки, да се натпреварува и да суди на натпревари за вештачка интелигенција, па дури и да ја рекреира Star Trek технологијата.

Келин Каролин Чан и Рајан Матер соработуваа за да го развијат уредот Poetry Camera, проект со отворен код кој комбинира технологија со уметнички дух, што резултира со креација што ги надминува границите на двата домена.

Поетската камера наликува на типична Polaroid камера, но наместо да фотографира, овој уред го трансформира визуелниот инпут во евокативни песни кои сликовито ја опишуваат снимената сцена.

Уредот се напојува со Raspberry Pi компјутер, а го користи и моделот GPT-4 од OpenAI, па претставува комбинација од хардвер и вештачка интелигенција.

Raspberry Pi ги обработува снимените слики, извлекува визуелни податоци и ги пренесува до ВИ компонентата. Модулот за вештачка интелигенција потоа анализира различни аспекти на фотографијата, вклучувајќи бои, дезени, значајни елементи, па дури и емоции што се пренесуваат.

Poetry Camera се роди како страствен проект каде Чан и Матер ја комбинираа љубовта кон технологијата и уметноста.

Откако експериментираше со неколку модели со вештачка интелигенција, Матер го направи вистинскиот потег со моделот GPT-3. Позитивните реакции од семејството и пријателите го мотивираа дуото да го подобри прототипот, што на крајот резултираше со одличен производ.

„Фотографиите и песните не ги чуваме дигитално, има неколку причини за тоа. Прво е полесно, втората причина е приватноста, а третата е што на овој начин им дава дополнително значење на песните. Доколку ја изгубите, веќе ја немате. Сите имаат камери во џебовите благодарение на мобилните телефони, а ние сакавме да направиме нешто сосема поинакво“, рече Матер.

Креаторите на уредот истакнаа дека Poetry Camera нуди повеќе од еден формат на поезија и дека корисниците имаат можност да избираат различни опции, вклучувајќи сонети, слободен стих и хаику.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Фото

Poetry Camera ги претвора фотографиите во поезија

Read more

Фотографијата со заспаната поларна мечка ја доби наградата за најдобра на годината

Read more

Презентирана акционата камера Insta360 GO 3, чини од 430 евра

Read more

Нова ера во развојот на фотосензори за смартфони

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе